Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

10.01.2017, 13:33

ФИФА ДЕНЕСКА ГЛАСА ЗА ПРОШИРУВАЊЕТО НА СВЕТСКИТЕ ПРВЕНСТВА

Мундијал со 48 селекции ќе го зголеми профитот за 600 милиони евра

Светско фудбалско првенство со 48 учесници ќе стане реалност од 2026 година и за првиот револуционерен потег на новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, и официјално ќе се гласа денеска, во Цирих.

Тоа ќе биде прво проширување на завршницата на мундијалите од 1998 година, кога беше воведен сегашниот формат од 32 репрезентации, но тој ќе важи само уште на претстојните два турнира во Русија и во Катар.
Инфантино тврди дека има голема поддршка за својот план, кој предвидува формирање на 16 групи со по три репрезентации, при што најдобрите две од секоја група би се пласирале во нокаут-фазата. Со ваков формат, на СП би се играле дури 80 натпревари.
Сè уште не е познато кој ќе биде домаќин на првото вакво светско првенство, бидејќи процесот на кандидирање беше запрен поради големиот корупциски скандал во ФИФА и ќе биде продолжен во 2018 година.
ФИФА, секако, ќе ќари од проширувањето на СП. Се проценува дека профитот од СП 2018 во Русија ќе изнесува 3,35 милијарди долари, додека од првенството со 48 селекции, тој би требало да се зголеми на речиси четири милијарди. Истовремено, ќе се зголемат и приходите од ТВ-правата и од маркетингот.


Текстот е прочитан 349 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Граѓаните бараат избори за излез од кризата - 57-ми ден протести на „За заедничка Македонија“ (Фотогалерија)
Граѓанската иницијатива ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска по 57-ми пат од пр...
ИЗЛОГ
Брод
Пишува Лејла САБИТ - Има најубав поглед на свет......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter