Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

23.12.2016, 13:12

Урдаревски Вардар: Јуниор Лигата ни е голем предизвик, а сега се остриме за Зимскиот турнир

Зимскиот турнир се одржува во втората половина од јануари 2017 година, а на него може да учествуваат сите момчиња и девојчиња кои тренираат ракомет во школите кои се дел од Ракометната академија Вардар.

Одморот за над 650 момчиња и девојки кои учествуваат во Вардар Јуниор лигата почна. Првите натпревари од втората полузесона ги очекуваме кон февруари 2017 година, но дотогаш нашите најмлади ракометари имаат нов предизвик за докажување. Веќе во втората половина од јануари 2017 година, во организација на Ракометната академија Вардар го подготвуваме зимскиот турнир „Еден живот една љубов".



Два викенди Скопје ќе биде во црвено-црно обоен, за време на одржување на турнирот и ќе ги собереме сите момчиња и девојчиња кои го сакаат ракометот. Турнирот е можност за натпревари и докажувања на сите деца кои се дел од нашата Ракометна академија Вардар, независно дали учествуваат во Вардар Јуниор лигата.

За можноста да заиграат со другарчиња кои не се дел од зимскиот турнир разговараме со Теона, Елеонора, Сања, Мила, Кристијан, Иван и Кристијан од Урдаревски Вардар од Скопје.

Теона Лалевиќ, Елеонора Велковска, Соња Трајановска, Мила Пачукова се дел од екипата Вардар Урдаревски, во која се вклучени и девојки од Бисинов Вардар, а која се натпреварува во генерацијата 2000/2001. Според нив, Вардар Јуниор лигата за нив останува големиот ракометен предизвик, но едвај чекаат да се докажат и на турнирот. Четиринаесетгодишната Теона ракомет почнала да тренира на 11 годишна возраст зашто многу го сакала ракометот.



    „Во Вардар Јуниор лигата имам можност подобро да го научам ракометот и да ја развијам играта. Ми се допаѓа што лигата секоја година е поорганизирана, оваа сезона многу ми се допадна што патуваме и во други градови и стекнуваме многу нови другари. Во Прилеп имаше интересни натпревари и многу дружење", вели Теона.

Голманот Елеонора вели дека инспирација да се најде меѓу стативите и е голманката на женскиот сениорски тим Ина Суслина, а амбиција и е да се најде меѓу девојките кои ги повикуваат за избор на селекциите на Вардар.

    „Тренирам три години, а Вардар Јуниор лигата ни дава можност да покажеме што знаеме зашто тука е вистинското место да не видат тренерите од Вардар и да не имаат предвид при изборот", вели Елеонора.



Нејзината соиграчка Сања тренира ракомет 3 години, а оваа сезона и е прво учество во Вардар Јуниор лигата и игра на позицијата лево крило.

    „Се вклучив зашто има убави услови, а ми се допаѓа што излегуваме од Скопје. Академијата ни овозможува да се натпреваруваме и на зимскиот турнир, каде се надевам дека ќе имаме подобри резултати", вели Сања.

За учество на турнирот се подготвува и Мила која во лигата игра на позициите бек и пикер.



    „Кога сум на теренот се чувствувам најдобро, за мене ова е прв спорт и се надевам дека ќе успеам во ракометот. Кога почнав да тренирам Ракометната академија с? уште не беше формирана, но по формирањето, со неа ми се роди надеж дека сум направила вистински избор. Имаме многу добри за тренинг и одлични тренери Никола Димовски и Александар Димовски. Во однос на лигата, условите во салите се одлични, годинава е уште подобро зашто има повеќе тимови, подобра конкуренција, а моја цел е да се истакнам", вели Мила.

Кристијан Мисердовски, Кристијан Мутовски и Иван Трендафиловски се натпреваруваат во генерацијата 2002/2003, а најголем предизвик на сите им се екипите на Преспа Вардар и Кале Вардар, зашто велат дека се многу добри екипи и ракомет се учи и кога се игра со добри противници. Кристијан Мисердовски ракомет тренира 3 години, а ова му е втора сезона во лигата и на натпреварите досега постигна над 15 гола.



    „Играв и лани, но со екипата немавме голем успех и се надевам дека годинава ќе извлечеме повеќе од нас и ќе се покажеме во подобро светло, а јас дека ќе имам повеќе голови. Имаме јаки и добри противници, и оваа сезона играме повеќе натпревари зашто има повеќе екипи. Се забележува дека играме подобро од лани зашто имаме и поголемо искуство и тренираме напорно. Со екипата веќе се подготвуваме и за зимскиот турнир. Ќе учествуваат и другарчиња кои не се натпреваруваат во лигата. И турнирот ни дава можност да се дружиме, а ако има победа и да прославиме", вели Кристијан.

Неговиот соиграч Иван тренира 3 години, а тренинзите се одржуваат во салата во Бутел, „Антони Димитров".



    „Публиката, тренерите и другарите од екипата се мојата мотивација за подобро да играм на мечовите. Верувам во моите соиграчи и играме тимски. Се спремаме и за зимскиот турнир и се надевам дека ќе се покажеме како најдобри. Да имаме што повеќе победи. Желба ми е да ги победиме Преспа Вардар и Кале Вардар кои се најдобри во нашата категорија", вели Иван.

Кристијан Мутовски ракомет тренира 4 години.

    „Мене на натпреварите ме мотивира желбата за победа и верувам дека ќе бидам успешен ракометар. Со екипата тренираме три до четири пати неделно, а во оние денови и викенди кога сме слободни играме пријателските натпревари со цел да се подготвиме подобро за лигата. Досега сме играле со Општина Кисела Вода Вардар, со Бутел Вардар и со Бисинов Вардар. Во однос на зимскиот трунир имам желба да освоиме подобра позиција и да се покажеме во подобро светло.


Текстот е прочитан 435 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
Црвениот килим на Греми 2017
ИЗЛОГ
Вино
Пишува Лејла САБИТ - Скапо, евтино или наливно......

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter