Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

22.01.2016, 12:51

Миленици

Варшава се грижи за 30.000 мачки

На барање на еден пратеник загрижен за судбината на мачките скитници, Варшава направи попис и објави дека нема причина за загриженост, бидејќи на територијата на главниот град живеат и вешто ловат глувци и стаорци речиси 30.000 мачки.

„Мачките кои слободно живеат на улиците се многу важен дел од екосистемот. На природен и ефикасен начин не штитат од присуството и преголемото размножување на глодарите, пред се на глувците и стаорците. Не се гледа на нив како на скитници без сопственици. Забрането е да се фаќаат, одвезуваат и на било кој начин да им се отежнува животот? - рече портпаролката на градот Агњешка Кломб, за грижата на градските власти за уличните мачки.
Во текот на 2015 година на улиците на Варшава живееле над 29.618 мачки, што е за 482 повеќе од претходната 2014 година, а статистиките за претходните години покажуваат дека популацијата на варшавските мачки е стабилна и тие не исчезнуваат ниту пак премногу се размножуваат.



Варшава во таа најприродна, еколошки безбедна дератизација лани инвестираше 340.000 евра за 292.530 килограми храна со која мачките ги ранат волонтери во секој градски кварт.
Варшавските мачки се навикнати на тоа градот да ги чува, а пред две години укажаа и на махинација со квалитетот на храната, бидејќи почнале да одбиваат да јадат.
Лабораториската анализа која ја изврши градот покажала дека храната престанала да ги исполнува декларираните норми и градот на тендер веднаш одбра друг доставувач. Во грижата за уличните мачки се вклучуваат и други Варшавјани, излегувајќи во пресрет на апелите од власта во тек на зимата да ги отворат прозорците на своите подруми мачките да можат да се грејат.
Во некои други полски градови општините делат на доброволци бесплатно специјални мултиплекс куќички, мачките кои ги штитат од глувци да не бидат бездомници.


Текстот е прочитан 3484 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
И Оги за 5000-тиот број на „Вест“
За јубилејниот 5000. број на Вест подготвивме и ексклузивна несе...
ИЗЛОГ
Оскар
Пишува Лејла САБИТ - Сон на секоја жена....

"Митцубиши" во Женева ќе го претстави кросоверот "еклипс"
По подолго време, "Митцубиши" на Саемот во Женева што ќе се одржи во март,...
"Опел" во офанзива со "кросленд икс"
"Опел" ги објави фотографиите и техничките детали од новиот компактен крос...
"Форд" ги откри адутите на новото "ГТ"
Иако првите примероци на "форд ГТ" од фабричката лента се симнаа кон крајо...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Печени компири со сланина
Приготвување: компирите и кромидот излупете ги, исечете ги на тркалца, пос...
Site Meter