Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

08.01.2017, 15:33

УСЛОВНА КАЗНА ЗА ВЕЛЕШАНЕЦ

Кираџија му ја продал покуќнината на сопственикот

Орхан Елезов од Велес (43) е осуден на условна затворска казна оти на сопственикот на куќата во која живеел под кирија, му ја продал комплетната покуќнина и му направил штета од 85 илјади денари.

Тој во Основниот суд во Велес доби условна затворска казна од три месеци затвор, ако во следната година направи ново кривично дело.
Елезов, од 8 октомври 2014 до 20 март 2015 година, противправно, за себе присвоил туѓи предмети кои му биле доверени, откако, поради неплатени сметки за струја и за вода, со судска пресуда договорот за наем бил раскинат, по што тој морал да се исели. По неговото заминување, сопствениците, кои биле велешани, а живееле во Скопје, кога дошле, имале што да видат. Двата ката од куќата, која имала 38 квадрати, биле празни. Елезов, во меѓувреме, се иселил, но и ја испразнил, одзел: фрижидер, замрзнувач, електричен шпорет и ќумбе на дрва, машина за перење, машина за сушење, телевизор, лавабо, два висечки креденца, трпезариска маса, четири стола, по два сервиса за ручање и за кафе, спална со кревет, три теписи, ситни домашни кујнски апарати. Со пресудата, која е правосилна, Орхан има обврска да ја плати штетата до 85 илјади денари. Елезов се бранел дека кога се доселил, куќата била празна и оти тој сам ги донел сите работи во домот, а во договорот со сопственикот никаде не било впишано што има во куќата.
(П.П.)


Текстот е прочитан 2345 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“ кон СДСМ: Откажете се и не гласајте за тирански претседател на Собрание (Фото)
Граѓаните дел од граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ кои веќ...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter