Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

05.04.2016, 13:46

Авиони

Француски стјуардеси: Нема да носиме хиџаб

Некои стјуардеси на "Ер Франс" се спротивставуваат на одлуката на оваа авиокомпанија да носат хиџаб - превез преку косата кога ќе се наоѓаат во Иран, земја за која летовите треба да бидат обновени на 17 април.

- Секој ден добиваме повици од загрижени членки од екипажот, кои ни кажуваат дека не сакаат да носат хиџаб, изјави претставник на синдикатот СНПНЦ, Кристоф Пије.
Синдикатот од управата на "Ер Франс" бара одлуката дали да се носи хиџаб да биде доброволна. Раководството на компанијата упати известување дека од женските членови на летечкиот екипаж ќе бараат да носат пантолони во текот на летот, а кога ќе го напуштаат авионот, превез кој ќе им ја покрива косата.
Раководството на компанијата ја разгледува можноста и да воведе казни за оние кои ќе го прекршат тој "дрес код".



"Ер Франс" објави дека од вработените се очекува "како и другите странски посетители да ги почитуваат законите на земјата во која патуваат" и потсетува дека иранските закони бараат сите жени во таа земја да носат "превез преку косата на јавни места".
- Таа обврска, која не се применува во текот на летот, ја почитуваат сите меѓународни авиокомпании кои летаат за Иран, се додава во соопштението.
Француската авиокомпанија потсетува дека тоа не е ништо ново, затоа што истото правило се применува и во Саудиска Арабија.
"Ер Франс" во 2008 година ги суспендираше летовите за Иран во рамки на меѓународните санкции поради нуклеарната програма на таа земја.


Текстот е прочитан 2267 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

Масовен марш и денеска „За заедничка Македонија“: Остануваме на улиците колку што е потребно! (ФОТО)
Сибир се стопи (Жешко фото)
Околу 1.500 вљубеници во зимските спортови во оскудна облека се собраа на ...
ИЗЛОГ
Поглед
Пишува: Лејла САБИТ - Погледот, велат, е душата на човекот......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter