Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

19.08.2016, 14:49

ГЛАМУР

АМБЕР ХЕРД СЕ ДОГОВОРИ ЗА РАЗВОДОТ СО ЏОНИ ДЕП

Седумте милиони долари ќе ги донира во хуманитарни цели

САД (АП) - Актерите Џони Деп и Амбер Херд му ставија крај на разводот и изјавија дека ниту еден од нив не сакал да му нанесе физичка или емоционална повреда на другиот. Во заедничката изјава, двојката призна дека нејзината врска била нестабилна.

"Нашата врска беше навистина страсна и понекогаш нестабилна, но секогаш владееше љубов", се вели во изјавата.
Адвокатите на Херд поднесоа барање да се укине привремената забрана за доближување што му беше одредена на Деп. Вестите за завршување на разводот дојдоа еден ден пред да започне сослушувањето за забраната за доближување. Според привремената забрана, Деп не смееше да ја контактира Херд и не смееше да $ се доближува на растојание помало од 90 метри откако таа го обвини дека ја удрил и дека фрлил со мобилен телефон по неа за време на една нивна караница оваа година.
Холивудската ѕвезда Деп (53) уште од почетокот ги негираше обвинувањата за напад.
Херд (30) во мај поднесе барање за развод, а неколку дена потоа го одобрија и нејзиното барање судот да му забрани на Деп да $ се доближува. Двојката, која беше во брак помалку од 18 месеци, постигнала и финансиски договор како дел од разводот. Според неофицијалните информации, договорот изнесува меѓу 7 милиони и 7,7 милиони долари.
"Ниту еден од нив не поднесе лажни обвинувања за финансиска придобивка. Никогаш не постоела намера за нанесување физичка или емоционална повреда", стои во изјавата.
Според информациите, Херд ќе ги донира средствата што ќе ги добие од разводот во хуманитарни цели.
Деп има две деца од својата претходна врска со француската пејачка и модел Ванеса Паради.


Текстот е прочитан 2230 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter