Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

07.02.2017, 13:45

ФОЛК-ПЕЈАЧКАТА ИРЕНА СПАСОВСКА СО ВЕЖБАЊЕ И ДИЕТА ДО СУПЕРЛИНИЈА

Сакам да изгледам секси и по 40-тата

Фолк-пејачката Ирена Спасовска сериозно се посвети на себе. Таа вели дека поради професијата, не секогаш можела да одвои време за себе и да $ се посвети исклучиво на физичката кондиција. Но сега, кога е по 40-тата година, најголем приоритет $ се нејзините здравје и убавина.

"Тоа секогаш треба така да биде, но кога сме помлади, не го сфаќаме толку сериозно. Настапуваме до доцна во ноќта, го преспиваме денот и немаме време кога да вежбаме. Јас никогаш не сум имала проблем со храната, не јадам месо, со години сум вегетаријанка, но не е доволно само тоа. Сфатив дека треба да ослабам 10 килограми и да имам повеќе кондиција. Вежбам пилатес и зумба, а го намалив и лебот. За шест месеци ослабев пет килограми и се надевам дека до лето ќе ослабам уште толку. Редовно вежбам, тоа ми е веќе како ритуал. Па по 40-тата жената мора да се одржува.



Мора да има младешки дух и да остане секси. Особено ако се занимава со јавна професија. Јас сакам да изгледам совршено и сакам да бидам таква како што се замислувам. А се замислувам ако не совршено, барем приближно", вели Ирена.
Таа си вети дека уште ќе ослаби до март, оти $ е потребно заради проектот што го подготвува.
"Ќе има нешто поголемо, ама сè уште не откривам. Засега подготвувам спот за песната 'Ти забранувам'. Јас сама ја напишав музиката, текстот е на Борче Нечовски, а аранжманот на Љупчо Павловски. Ме очекува и нова фотосесија. Ќе има и други нови песни, но за тоа потоа", вели таа.

(В.М.)
Фото: Д. Јанковиќ


Текстот е прочитан 2770 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
„За заедничка Македонија“: Граѓаните маршираат против Тиранската платформа (ФОТО ГАЛЕРИЈА)
Илјадници граѓани веќе 31-ви ден масовно протестираат низ македонскиот гла...
ИЗЛОГ
Сезона
Пишува Лејла САБИТ - Пукна сонце......

Во Франкфурт ќе се појави шестата генерација на "поло"
Септемврискиот Саем на автомобили во Франкфурт ќе му послужи на "Фолскваге...
"Пежо" ја одбележа титулата во женското рели со "208 блек едишн"
Одбележувајќи го освојувањето на титулата во ФИА рели шампионатот за жени,...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Потпечени палачинки
Приготвување: пржените палачинки наредете ги во тавче. Ситно исечкајте ја ...
Site Meter