Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

14.03.2017, 14:40

ФОЛК-ПЕЈАЧОТ БЛАГОЈЧЕ СТОЈАНОВСКИ - ТУШЕ ЖИВЕЕ ВО МАКЕДОНИЈА, ПЕЕ ВО АВСТРАЛИЈА

На печалба со перница под мишка

Фолк-пејачот Благојче Стојановски - Туше годишно по повеќе од шест пати го поминува патот од Македонија до Австралија.

Тој е единствениот наш пејач што живее во Ресен, но годишно поминува илјадници километри за да им пее на нашите иселеници.
За овие 20 години, постојано си на релација Австралија - Македонија, нели ти е смачено?
-Јас сум 20 години на естрадата. Во '90-тите почна војната во Југославија, па иако сакав да одам во војска, на инсистирање на родителите, заминав во Австралија. Веќе имав австралиски пасош. Роден сум таму, но кога сум имал шест години сме се вратиле во Ресен. Заминав за шест месеци, но останав неколку години. Не сакав да продолжам со музиката таму, но почнав со наши музичари , почнаа свадби, крштавки, игранки, снимивме касета, која супер се продаде. По 2,5 години, се вратив во Ресен каде што останав до '98-ма, и пак се спакував и заминав за Австралија. Кога почнував, сите ми викаа дека сум забавњак, но јас велам каде се парите, таму е пејачот. Сакав неколкупати да се повлечам од музиката, но имав доволен број публика, која не ми дозволуваше. Па место повлекување, издавав албуми и одев на турнеи низ Европа, САД и Канада. Во 2001 година добив понуда за Австралија, која не помина славно, но ми се отвори патот за сè понатаму. Во 2004 се оженив, и пак заминавме за Австралија каде што ни се родија децата. Шест години живеевме на релација Австралија - Македонија. Заработив доста, и во 2010 се вратив во Македонија со намера да не враќам пак таму. Но пред да се вратам, добив многу понуди, и така до денес сум на релација Македонија - Австралија. Годишно по шест пати. Се случувало дента да стасам, вечерта да пеам и утредента да се вратам назад. Тешко е и напорно. Сум имал и стресови со доцнење за авион. Долго е патувањето за кус престој, и понекогаш знам во рачен багаж само перницата од дома да ја земам. Не можам да спијам на перничињата во авион.



Која е разликата меѓу музиката во Австралија и кај нас? Што слушаат нашинците таму, а што овде?
- Овде, во секој регион различно се слуша. Во Австралија живеат повеќемина од Битола, Ресен и од Охрид, и ме бараат бидејќи пеам песни од тој крај. Но разликата е во финансиите. Во Македонија нема бакшиш, а во Австралија не е важно колку ќе ја пазариш свадбата туку колкав е бакшишот. Може трипати повеќе ќе земеш бакшиш одколку што си ја пазарел свадбата. Свесен сум дека ова нема вечно да трае. Ни сум ваму ни сум таму. Имам поддршка од сопругата Наде, со која 13 години сме во брак и ги имаме синовите Марио Туше и Дарио Туше. По желба на жена ми мојот прекар им го дадовме како второ име.
Од каде прекарот Туше?
-Како мал бев дебелко дете. Играв фудбал и бев мрзлив, не сакав да трчам. Во тоа време во печките имаше едно желевце кое се викаше тушник, такво широко и дебело. И место тушник, некој ме викна туше, и така остана.
Над 20 години имаш ист имиџ, долгата коса ти е заштитен знак?
-Не сум се стрижел од 1990 година. Како тинејџер сакав долга коса, а не ни даваа во школо. Имаше многу фудбалери со долга коса, ми се допаѓаа, ама не можев да ја пуштам. Кога завршив школо ја пуштив, и до дене-денес е така.


Текстот е прочитан 14427 пати.
#

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
ФОТО - „За заедничка Македонија“ до ВМРО-ДПМНЕ: Не смеете да дозволите избор на претседател на Собрание кој нема да ја отфрли Тиранската платформа
Денес сме 29-ти ден откако излеговме на улица. Да им повториме на пратениц...
ИЗЛОГ
Убавина
Пишува Лејла САБИТ - Вистинска. Лажна. Природна. Вештачка......

"Порше" има профит од 16 000 евра од секое возило
Германскиот производител на спортски автомобили, во просек, има профит од ...
"Ауди" во јули ќе го открие новиот "А8"
Четвртата генерација на суперлимузината на "Ауди" ќе биде претставена на 1...
"Фиат фулбек крос": пикап наменет за младата публика
"Фиат" на Саемот во Женева ја претстави крос-верзијата на својот пикап мод...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Компири во сол
Приготвување: компирите истријте ги со остра четкичка, измијте ги добро и ...
Site Meter