Македонија Црна хроника Култура Живот Спорт Свет Скопје Здравје и убавина АВТОМОБИЛИ
Архива
БАРАЈ:
ОД
ДО

16.12.2016, 13:32

ПО ТРАНСФЕРОТ ОД ДРАМСКИ НА ДРАГАН СПАСОВ

"Тартиф" нов почеток за Дац во МНТ

Актерот Драган Спасов - Дац во вторник ќе ја има првата премиера во Македонскиот народен театар, по преминувањето од неговата долгогодишна матична куќа Драмски театар.

Претставата "Тартиф" од Молиер на бугарскиот режисер Галин Стоев, премиерно се игра во вторник и в среда од 20 часот, а Спасов ја игра насловната улога.
На вчерашниот прес, актерот истакна дека е задоволен од неговата прва улога во МНТ , од приемот од ансамблот и од работата со Стоев, како и од тоа што, по 23 години, на сцената е повторно со својот колега и другар од студентските денови Ѓорѓи Јолевски.
"Единствено што ми беше напорно беше работата на текстот во стих", додаде Дац.
Јолевски, кој го игра Оргон, рече дека е секогаш убаво да се обновуваат големите драмски дела во ново руво и во духот на сегашноста, потсетувајќи дека претходниот "Тартиф" на МНТ е од средината на 1980-тите. Пред десетина години, тој ја играл улогата на Тартиф во претстава на Штипскиот театар.



" Овој пат го играм Оргон. Две целосно различни претстави и два различни пристапа. Да се биде од другата страна, од страната на лекомислениот или заблудениот Оргон кој, во суштина, е доста празен, рамнодушен и без чувства, како и секој политичар и бизнисмен на современоста, кој се обидува преку Тартиф да дојде до нешто суштинско", рече Јолевски.
Според директорот на МНТ Дејан Пројковски, "Тартиф" е меѓу капиталните дела на театарската литература.
"Тоа е текст со кој режисерот и театарот што го поставува ја тестира својата зрелост", рече Пројковски, додавајќи оти било предизвик "Тартиф" да го работи Стоев, кој во 2014 ја постави оваа претстава во "Комеди франсез" во Париз.
Во претставата играат и Даница Георгиевска, Владимир Јачев, Тања Кочовска, Дарја Ризова, Оливер Митковски, Катина Иванова, Никола Ацески, Александар Микиќ, Кире Ѓоревски и Тања Ивановска.
Сценограф е Венелин Шурелов, костимите се на Елица Георгиева, а композитор на музиката Саша Карлсон од Белгија.

(К.Р.)
Фото: МИА


Текстот е прочитан 633 пати.
#
Ана Пандевска е прва во две категории
Комеморацијата за маестро Ѓумар е в среда во 11 часот во МОБ
"Ничија земја" од Венеција стигна во Скопје
Наградени 13 композиции на вториот конкурсен рок за создавање класична музика
Почина актерскиот првенец Сефедин Нуредини
Замина голем човек, пријател и музичар
Почина диригентот Саша Николовски - Ѓумар
Мисо е најпродаван онлајн автор во Македонија
Краток филм на Јакимска премиерно во Трст
Игра францускиот филм сниман на обиколницата

Електронско издание на Вест

Кликни за претплата

ФОТО ГАЛЕРИИ
10-те најпопуларни хотели на Инстаграм!
Социјалната мрежа Инстаграм ја објави листата на 10-те најпопуларни хотели...
ИЗЛОГ
Идила
Пишува Лејла САБИТ - Во Македонија ни се случува идила......

Тојота подготви спортско издание на Јарис
По враќањето на светската рели сцена Тојота на претстојниот Саем за автомо...
КИА влегува во светот на спортските лимузини
Јужнокорејската компанија КИА го одржа своето ветување и ја промовираше пр...

ОТВОРЕНО ЗА АУТИЗМОТ

 
    

Плескавици од блитва
Приготвување: исчистената блитва ставете ја во вриена вода и варете ја око...
Site Meter